Иако неколку недели се вози по новиот автопат Миладиновци-Штип, во сабота ќе има свечена церемонија - Слободен печат
ВестиЕкономија

Иако неколку недели се вози по новиот автопат Миладиновци-Штип, во сабота ќе има свечена церемонија

Ве известуваме дека во сабота (6.7.2019) со почеток во 11:00 часот, во паркингот на хотел „Овче Поле“ во Свети Николе, ќе се одржи церемонија по повод официјалното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип, соопштија од Владата.

Иако веќе неколку недели се вози по новиот автопат Миладиновци – Штип, свечената церемонија по повод пуштањето на автопатот ќе се одржи во сабота, соопштија од Владата.

„Ве известуваме дека во сабота (6.7.2019) со почеток во 11:00 часот, во паркингот на хотел „Овче Поле“ во Свети Николе, ќе се одржи церемонија по повод официјалното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип.

На настанот, свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.“, изјавија од Владата.

БОНУС ВИДЕО:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close