„Иако не му е биолошки син, татко ми го сака брат ми колку мене“: Нела Павловска се отвори за родителите Тања и Предраг
Нела Павловска, ќерката на Тања Кочовска и Предраг Павловски, рече дека е горда на татко ѝ затоа што никогаш не правел разлика помеѓу неа и нејзиниот брат Александар Ендровски, иако Предраг не му е биолошки татко.
Препорачано
Младата и талентирана актерка ја отвори душата и сосема искрено зборуваше за своето семејство во емисијата „Нешто конкретно“. Александар е син на Тања од првиот брак со актерот Владимир Ендровски – Љац, кој почина на 20 август 2023 година.
Зборувајќи зошто е горда на своите родители, Нела изјави дека со мајка ѝ не постои нешто што е невозможно.
„На Тања сум горда затоа што кај неа ништо не е невозможно. Сè може, сè… Едноставно мислам дека таа жена навистина сè може да направи. А татко ми – најгорда на татко ми сум што никогаш во животот, никогаш нема направено разлика меѓу мене и брат ми, иако брат ми не е негов син. А заедно се од кога брат ми имал шест години. Никогаш не направил разлика. Напротив, тие се екипа“, рече актерката и додаде дека како помала била малку љубоморна на таа нивна поврзаност.
„Порано бев, но на него сум горда што баш има толку љубов за брат ми, затоа што мене брат ми ми е на прво место и тој човек штом го сака толку многу, а не е негов биолошки син… за тоа сум нај-најгорда. И за сè тоа што направиле професионално, и двајцата многу различно, и за тоа сум горда“, рече Нела Павловска.

Во истата емисија, актерката, која е дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, рече дека кога требало да се запише на факултет, родителите не ѝ дозволиле да студира глума.
„Имаше едно: ‘Нема да одиш на глума!’. И јас тогаш бев многу неборбено дете и реков: ‘Добро’. И се запишав на шпански и не завршив, имам уште малку, а затоа што одев претходно на курс, го сакам јазикот, велам: ‘Добро, ќе одам на шпански’, ама едноставно не се ни прибиравав дома. Не ме интересираше никој дома, не сакав да јадам, не доаѓав дома, кај баба ми ќе живеам. Бунтовност, ама не се борам за тоа да отидам на ФДУ, туку терам инает.
И на крај мајка ми рече: ‘Нела, не те препознавам, што е проблемот?’. И така седнавме дома и им кажав на моите: ‘Ама јас сакам да одам на ФДУ!’. И двајцата се погледнаа само и ми рекоа: ‘Па добро’. Викам: ‘Четири години за едно па добро?!’.
И на крај сфатив дека ми се најголемата поддршка и тие сфатија дека не можат да ми го забранат тоа, затоа што знаеле дека тоа ми е единствената опција“, откри Павловска.
Таа рече и дека е талентирана за пеење, а во бојата на гласот и начинот на пеење повеќе потсетува на мајка ѝ отколку на тетка ѝ, Лидија Кочовска.
ФОТО | Емотивен спомен од помладите денови: Тања Кочовска се прости од Кили


