И во Собрание ќе немаме „Бадентер“, вели Бујар Османи
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во гостување на ТВ21 рече дека законот кој го подготвуваат „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ на местото на „балансерот“ не може да се повика на Уставот поради тоа што, како што вели, со последната одлука на Уставен суд е забранета етничката припадност како критериум за вработување во администрацијата.
„Ќе се усвои Закон за етничката припадност, на кој член на Уставот да се повика тој закон, доколку Уставен суд забрани употреба на етничката припадност за пристап во институциите, во што ќе се повика? Секој закон кога се усвојува се повикува на некој член на Уставот, не може законот да остане во„ воздух“ без да се заснова на Уставот. Затоа велам, не е проблем „балансерот“, не е проблем законот. Проблем е одлуката на Уставен, граѓаните да не ја истакнат нивната етничка припадност. Мене и тебе, по оваа одлука Државата не нè познава како Албанци“, рече Османи.
„Ова не е во врска со дигиталниот систем на „балансерот“, доколку пратениците, кога ќе се евидентираат во Собрание, некој ќе им каже: Вие немате право на тоа каква етничка припадност имате, поради одлуката на Уставен, доколку пратениците немаат право да ја произнесуваат етничката припадност, нема веќе „Бадентер“, без „Бадентер“ нема ниту Рамковен договор“, додаде тој.