И српските трговци ќе добијат знак „Фер со потрошувачот“

Србија знаме
Знамето на Србија / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

По Северна Македонија, Црна Гора и Србија влегоа во регионалниот систем за сертификација „Фер со потрошувачот“. Тој е наменет за трговци кои се подготвени на клиентите да им обезбедат повеќе од она што ги обврзува законот. Националниот регистар на потрошувачи добива приближно 25.000 поплаки годишно.

Поплаки доаѓаат од сите градови – најмногу за патики, бела техника, мобилни телефони и друга техничка стока и за комунални услуги. Ознаката „Фер со потрошувачот“ треба да направи разлика меѓу трговците, а видно истакната за да им каже на клиентите дека можат со доверба да влезат во продавницата, пренесува РТС.

„Замислете потрошувач кој може да забележи некоја неправилност, како ќе реагира и ќе каже – да, го имате сертификатот „Фер со потрошувачот“, ова не е фер“, вели Зоран Николиќ од Националната организација на потрошувачи на Србија.

Од Националната организација на потрошувачи велат дека исполнувањето на 26 критериуми е поважно од бројот на компании кои ќе добијат сертификат. Меѓу другото, начинот на кој компанијата реагира на поплаките, безбедноста на производите, дали се користи детскиот труд, синџирот на снабдување, односот кон вработените, заштитата на приватноста на клиентите.

„Кога ќе ни дојде клиент во малопродажба, ако има поплака, обично е нервозен, малку лут, само да го смириме на првиот повик, да му објасниме дека се ќе решиме“, вели Предраг Брујиќ од „Гигатрон“. Сертификатот важи две години, а трговецот може да го продолжи или да го изгуби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот