И повреден им помагал на другите: Љуљзим Сулејмани посетен од српскиот амбасадор во болница

Српскиот амбасадор во Бугарија и преживеаниот во автобуската несреќа Љуљзим Сулејмани / фото: Српска амбасада во Софија

Српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ, го посетил во болница државјанинот на Србија Љуљзим Сулејмани, кој утрово бил повреден во страотната автобуска несреќа во Бугарија.

– И покрај повредата, помогна во евакуацијата на патниците! Добро се чувствува, редовно ќе го посетуваме – се наведува во соопштението на Амбасадата, објавено на Твитер.

Според бугарските истражни органи, Сулејмани, кој е по потекло од Прешево им кажал дека прво се слушнал удар во банкината, па потоа експлозија, најверојатно од гумата, по што пожарот започнал брзо да се шири од предниот дел.

Тој им кажал и дека бил буден кога се случила несреќата и го скршил прозорецот од автобусот низ кој успеале со сопругата и да излезат, по што им помогнал и на неколкумина други патници.

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот