И по хаваријата, „Оушн гејт“ рекламира патувања до потонатиот „Титаник“

Ова била шестата авантура на „Титан“ - Фотографија Profimedia

Една недела од хаваријата на малата подморница „Титан“, во која загинаа петмина патници, компанијата која го организираше спуштањето до трупот на потонатиот брод „Титаник“, „Оушн гејт“, и натаму ги рекламира идните патувања, достапни по многу високи цени, на својата веб-страница.

Како што пренесе „Инсајдер“, за 2024 година се планирани две екскурзии во јуни, по цена од 250.000 долари по човек. Ова вклучува нуркање, приватно сместување, сета потребна обука, опрема за експедиција и сите оброци додека патниците се во подморницата, според актуелните информации на страницата. Дозволено е да патуваат најмногу шестмина, а минималната возраст е 17 години.

Според веб-страницата, сместувањето вклучува кабина како спална и една заедничка бања. Подморницата обезбедува и бежичен сигнал за интернет. Заедно со овие детали, веб-страницата продолжува да споделува слики од сцени од експедицијата, како и видеа од луѓе кои ги споделуваат своите искуства.

„Смелите патници ќе отпловат од канадскиот брег на Атлантикот во осумдневна експедиција за да ја нурнат иконата потоната што се наоѓа на 380 милји од брегот и 3.800 метри под површината“, се вели на веб-страницата на „Оушн гејт“ .

По трагедијата се појавија многу информации и полемики за подморницата и „Оушн гејт“ , а една од нив е дека извршниот директор на оваа компанија, Стоктон Раш, кој и самиот го загуби животот во несреќата, измамил едно семејство за повеќе од 200.000 долари.

Исто така, американскиот режисер Џејмс Камерон, кој го режираше филмот „Титаник“, за што десетици пати се спуштил до трупот на потонатиот брод, го критикуваше слабиот фокус на безбедноста во турите што ги организирала „Оушн гејт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот