И навивачите во борбата против коронавирусот (ФОТО)

фото: твитер

Алжир е шестата африканска држава во која не се игра фудбал поради опасната зараза, после Конго, Габон, Гана, Мароко и Египет.

Фудбалот застана ширум светот поради пандемијата на коронавирусот, а ретки се државите каде што уште се применува најспоредната работа на светот.

Една од тие држави, сè до изминатиот понеделник, беше и Алжир. Три натпревари од алжирското првенство се одиграни во неделата, и тоа со присуство на публика, но еден ден подоцна алжирските власти веднаш реагираа за прекин на фудбалските натпреварувања.

Регистрирани 54 случаи на коронавирус, четворица починале, а 12 лица се излечени во оваа држава.

Алжир е шестата африканска земја во која не се игра фудбал, после Конго, Габон, Гана, Мароко и Египет.

Во меѓувреме, доаѓа еден убав гест од фудбалските навивачи на Алжир, поточно т.н. „Ултраси“ кои исто така сериозно ја сфаќаат ситуацијата во борбата против ширењето на вирусот.

На „Твитер“ се објавени слики на „Ултраси“ од Скикда, град на истокот на Алжир, кои помагаат во дезинфекцијата на градските улици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот