„И на 50 и на 80 години, жената има на што да се радува во животот“ – славната Брижит Бардо наполни 91 година
Француска актерка, Брижит Бардо која го одбележа златното доба на европското кино е родена е на 28 септември 1934 година во Париз, а светска слава стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ (1956).
Препорачано
Денес, на 91-годишна возраст, таа живее повлечено во Сен Тропе, сè уште останувајќи симбол на една ера и силна личност која предизвикува восхит, но и контроверзии, особено поради нејзините голи сцени во филмовите.
До повлекувањето од глумата во 1973 година, кога имаше 39 години, таа имаше снимено повеќе од 40 филмови. По кариерата во шоу-бизнисот, таа се посвети на борбата за правата на животните, основајќи ја нејзината фондација.
Била во брак четири пати, а од бракот со актерот Жак Шарие го има синот Николас.
Славната Брижит Бардо во текот на животот се соочувала со бројни предизвици. Со текот на времето, како и сите ние, морала да ги прифати своите години, но и фактот дека убавината и младоста се минливи.
Но, како што вели, сфатила дека жената и на 50 и на 80 години има на што да се радува во животот.
„Треба да се живее за малите нешта. За зората во пет наутро и зајдисонцето во пет навечер, за патувањата, за возење велосипед со музика во ушите и ветер во косата, за танцување на дожд, за смеење додека не те заболи стомакот. За омилените песни и добрите книги, заради насмевките без причина, заради колачите и чајот, заради одморот после долг напорен ден, за сјајот во очите. Живејте за ноќните авантури и за ѕвездите што ве гледаат како седите дома. Живејте за луѓето кои се сеќаваат дека пиете чај без шеќер и мразите кромид. Живејте за малите нешта кои прават да се чувствувате живи“, рече таа во една прилика.
„Денес се трудиме да поправиме сè визуелно, да одиме на различни корекции, да се доведеме себеси до непрепознатлост и да глумиме. А реалноста е поинаква и однатре сме празни. Многу жени знаат да западнат во депресија кога ќе сфатат дека животот минува и можеби ќе мора да останат сами, а тогаш би требало да се послушаат себеси, да погледнат наоколу и да продолжат да живеат со полни гради“, советува славната убавица.



