И Милан ставен на „трансфер листа“, фонд од Бахреин сака да ги купи „росонерите“
Лидерот во Серија А, Милан наскоро може да добие нови сопственици и тоа од Бахреин, пишува „Лекип“.
Препорачано
Францускиот весник пишува актуелниот сопственик на Милан, инвестицискиот фонд од САД „Елиот“ конечно нашол купувач за италијанскиот тим и тоа на Блискиот Исток. Според „Лекип“ иден сопственик на Милан треба да биде инвестицискиот фонд од Бахреин „Инвесткорп“ чија вредност се проценува на 40 милијарди долари.
Оваа вест ја алармира и Европската фудбалска федерација (УЕФА) бидејќи се сомнева во матни игри бидејќи „Инвесткорп“ планира да го купи и францускиот прволигаш Лил и тоа преку компании кои се регистрирани познати оф-шор дестинации како Луксембург, Кајманските острови и сојузната држава во САД, Делавер.
Според „Лекип“, УЕФА се сомнева во поврзаноста на компаниите кои се актуелни акционери во Милан како „Елиот“, „Бирч Интернешнл“, „Бирч Асошиетес“, „Калисто спортинг“ и „Мерлин партнерс“ и смета дека преку Милан тие перат пари.
Исто така УЕФА започна да го истражува и односот помеѓу Милан и Лил поради трансферот на голманот Мајк Мањан на „Сан Сиро“ како и договорените трансфери на Свет Ботман и Ренато Санчес.


