Фото: EPA-EFE/MICHEL EULER / POOL MAXPPP OUT

И Макрон го одби Трамп за деблокирање на Ормускиот Теснец: Ние не сме страна во овој конфликт

Американскиот претседател вчера им изјави на новинарите дека е уверен дека Франција ќе им помогне на САД.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција нема да учествува во операциите за деблокирање на Ормускиот Теснец, негирајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Ројтерс“.

Трамп на настан во Белата куќа вчера изјави дека разговарал со Макрон и му дал оценка „8 од 10“ за неговиот став за вклучување на сојузниците во операциите за обезбедување на премин низ Ормускиот Теснец, што сугерира дека Франција е подготвена да се придружи на напорите поддржани од САД.

„Ние не сме страна во овој конфликт и затоа Франција никогаш нема да учествува во операции за отворање или ослободување на Ормускиот Теснец во сегашниот контекст“, рече Макрон на почетокот на владина седница посветена на ситуацијата на Блискиот Исток.

Француските власти велат дека Париз продолжува да работи на формирање коалиција за обезбедување на Ормускиот Теснец откако ќе се стабилизира безбедносната ситуација, но без учество на САД.

„Убедени сме дека кога ситуацијата ќе се смири – и го користам тој термин намерно широко – односно кога ќе престане главното бомбардирање, ќе бидеме подготвени, заедно со другите земји, да ја преземеме одговорноста за системот за придружба“, рече Макрон.

Трамп вчера им изјави на новинарите дека е уверен дека Франција ќе им помогне на Соединетите Американски Држави.

„Мислам дека ќе го сторат тоа. Разговарав со него вчера“, рече американскиот претседател, осврнувајќи се на неговиот француски колега Емануел Макрон.

ЕУ со јасен став: Не прифаќаме притисоци од Трамп за туѓа војна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот