И капитенот на МЗТ Скопје Стојановски позитивен на ковид-19

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Лошиот период во аеродромскиот тим продолжува со веста која го растревожи утринава дека позитивен на коронавирусот е и капитенот на екипата, Дамјан Стојановски.

И тој, како тренерот Дарко Радуловиќ, почувствува благи симптоми по средбата со Академија ФМП, по што веднаш замина во домашна изолација и се тестираше.

Дека ова е сериозен проблем за клубот, но и за сите негови претходни и идни противници, потврдува и фактот што уште двајца кошаркари на МЗТ чувствуваат благи здравствени проблеми, поради што и на нив им е закажано тестирање на ковид-19.

Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром со дозвола од неговиот следен противник Пелистер, побара одложување на утрешниот дерби-натпревар во шампионатот, со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот, како во тимот на МЗТ, така и во битолскиот состав, кому му се благодарни што веднаш излезе во пресрет.

– Здравјето на кошаркарите и на двете екипи е во првенствен интерес за управите на двата тима, поради што се надеваме дека и намерата на КФМ ќе биде заштита на играчите, меѓу кои има и многу репрезентативци. А, на нашиот капитен Дамјан му посакуваме лесно да го мине периодот во изолација, без никакви проблеми и да ја „нокаутира“ болеста со серија тројки и два-три атрактивни влеза, нешто што е заштитен знак во целата негова кариера – информираат од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот