И Холивуд може да им позавиди: Мигранти од Африка измамиле италијански клуб за 800.000 евра

Илустративна фотографија / СП. архива

Од Русија, поточно од Санк Петербург, доаѓа фудбалска приказна според која може да се направи вистински холивудски блокбасер.

Имено, Африканци кои живеат во Санк Петрбург успеале да измамат неименуван италијански тим за 800.000 евра.

Тие преку свои извори дознале дека италијанскиот тим е заинтересиран да ангажира фудбалер од Данска и успеале на направат неверојатна измама.

Направиле лажен пасош со име и презиме на фудбалерот за кој бил заинтересиран италијанскиот клуб, потоа со пасошот отвориле банкарска сметка во банка и на крајот успеале да ја фалсификуваат целата документација со симболите на данскиот тим кој требало да ги добие парите од обесштетувањето.

Потоа, Африканците кога дознале дека преговорите се завршени, документацијата му ја испратиле на италијанскиот тим кој само требал да ги уплати парите во банка за да се реализира трансферот. Тогаш тие ги испратиле лажните податоци со банкарска сметка во Русија на која им биле префрлени 800.000 евра.

Руската полицијата успеала да ја открие измамата и ги уапси сите осомничени, меѓутоа поголем дел од парите биле потрошени, а во станот во кој престојувале Африканците биле откриени сите потребни машини за изработка на лажни пасоши, кредитни картички, лични карти…

Измамниците се имигранти од Африја кои биле стационирани во Санкт Петербург, еден од нив е од Буркина Фасо, а тројца од Нигерија, објави руската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот