Европа и САД се подготвени да му се спротистават на новиот вирус од Кина
Никој не е подобро подготвен за заканата отколку ЕУ. Европа има структури и средства за да се справи со евентуална пандемија – нагласи професорот.
Европа располага со средства како да се спротивстави на ширењето на новиот корона вирус, кој првично е откриен во Кина, изјави професорот Херман Госенс, претставник на европската организација „Припеар”, која работи на спречување на новопојавени епидемии со поддршка на Европската комисија.
Препорачано
Според него, никогаш досега немало толку брз и кохерентен одговор на појавата на нова епидемиска закана.
Госенс истакна дека постои голема опасност пред кинеската Нова Година поради очекуваното масовно патување на Кинези и можноста за ширење на вирусот многу полесно.
– Никој не е подобро подготвен за заканата отколку ЕУ. Европа има структури и средства за да се справи со евентуална пандемија – нагласи професорот.
Претходно денес, и американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД имаат план за спречување на корона вирусот, од кој во Кина досега починаа девет, а заразени се над 400 луѓе.
– Имаме план и сметам дека ќе биде многу добро спроведен. Веќе почнавме. Центарот за контрола на болести е одличен, многу професионален, изјави Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Американскиот претседател верува дека во Кина е се под контрола.
Светската здравствена организација денеска на кризниот самит ќе одлучи дали ќе биде прогласена меѓународна здравствена опасност.


