И Бранимир Јовановиќ замина од земјава

Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии / Фото: „Слободен печат“

Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од тимот на министерот за финансии Драган Тевдовски и економски истражувач и професор по економија на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, од 1 октомври годинава е на ново работно место – сега како професор економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Неодамна, и поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски замина на нова работа, во САД.

-Од 1 октомври сум вработен со полно работно време во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, ќе работам како економист кој ќе го покрива Балканот, пред сѐ Македонија и Србија, но по потреба и други земји. Се разбира, ќе работам и на други истражувања што ги работи институтот кој е еден од водечките економски институти во светот за регионот на Источна Европа. Значи, не само Балканот, туку и земјите од Вишеградската група, потоа државите од некогашниот Источен блок, како Русија, Белорусија, Украина, Романија, Бугарија, но и Турција…,  практично цела источна Европа- рече Јовановиќ за емисијата „Стадион“ на радиото Канал 77.

Јовановиќ додаде дека Виенскиот институт прави повеќе истражувања и редовни годишни проекции и извештаи за регионот. Тој најави дека во наредните недели институтот ќе излезе со новите проекции за економскиот раст и за состојбата во овој дел од светот.

Екс министерот за финансии Тевдовски заминал во Вашингтон да работи во ММФ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот