И Атиџе се најде на „Групер“: Напијте се кафе со нашата ѕвезда и дознајте ја вашата иднина од филџанот

Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот „Медена земја“, се најде и во понуда на онјалн продавницата за попуст „Групер“. Имено, туристички водич може да ве одведе на пешачка тура по патот на Атиџе Муратова, „последната жена во Европа која одгледува диви пчели во карпест предел“.

Турата вклучува 4 часа пешачење, посета на локална земјоделска куќа и посета на Атиџе.

„Во дворот на нашата домаќинка ќе бидете послужени со турско кафе, подготвено на традиционален начин и тука започнува дружбата со Атиџе, при што ќе имате можност одблизу да се запознаете со неа и нејзиниот начин на живот, преку песна и убава мисла да ја осетите нејзината добронамерна животна цел. Откако ќе го испиете кафето, ќе имате можност да дознаете нешто повеќе за вашата иднина, преку гледањето и гатањето на филџанот од страна на нашата домаќинка. Веднаш потоа, ќе имаме мало изненадување од нашата хероина“, стои во понудата.

Учесниците исто така имаат и еден час превоз до/од село Кишино и еден час за слободни активности.

Меѓу најпогодените од коронакризата во Македонија се туристичките агенции и туристичките водичи. Иако во неколку наврати протестираа и бараа помош од Влдата, сепак решение за нив не се најде. Поради коронакризата и затворените граници, туристичките агенции останаа без работа. Дел од нив почнаа да договараат аранжмани со домашни хотели, а исто така почнаа и да организираат тури низ Македонија.  Па така и Атиџе се најде на листата на понуди за посета на македонските убавини.

 

Атиџе од „Медена земја“ низ солзи: Помогнете ми луѓе, се плашам за сопствениот живот

Градоначалникот на Лозово се договорил со соседот на Атиџе да ја смират ситуацијата (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот