ВИДЕО | Робот танчар „подиве“ во кинеско училиште — ученици панично бегаа, едвај го совладаа
Шокантна снимка која се прошири на социјалните мрежи го покажува моментот кога танцувачки хуманоиден робот „подивел“ за време на училишен спортски ден. Хаотичниот настап се одржал во училиште во автономниот регион Синџијанг Ујгур во северозападна Кина. На почетокот на видеото, роботот може да се види како танцува и изведува движења од боречки вештини на спортски терен, објавува „Дејли мејл“.
Препорачано
Сепак, сè почнува да личи на лош филм кога учениците излегуваат на теренот за да изведат синхронизирана танчарска точка заедно со роботот. По неколку секунди, роботот се сопнува и паѓа, по што почнува неконтролирано да се движи и да им задава кунг-фу удари на збунетите учесници, кои почнаа да бегаат од машината без контрола.
Robot goes rogue at a school sports day in Xinjiang, charging into a dance formation and throwing punches! Maybe This year’s sports day tech level is too high!😂 pic.twitter.com/5khe1uBbR8
— Shanghai Daily (@shanghaidaily) April 29, 2026
За среќа, нема повредени ученици.
– Премногу луѓе го збунија, сакаше да танцува без да предизвика штета – се вели во еден од коментарите.
Во последниве години, Кина брзо ја прошири употребата на хуманоидни роботи на јавни настани, во училишта и демонстрации како дел од амбициозниот развој на напредна роботика и вештачка интелигенција.
Сепак, имаше и одреден број инциденти што укажуваат на тоа дека роботите сè уште не се подготвени за сите потфати.


