Хрватско крајбрежје: За оставање крпа на плажа преку ноќ казна до 1.300 евра

Фото: Alamy/Profimedia

Оставањето крпи и лежалки на плажа во текот на ноќта, за наутро да не се мачат за добри позиции на плажата, е честа тактика на туристите. Сепак, на хрватското крајбрежје решиле тоа да го искоренат.

Комуналното претпријатие во Нови Винодолски во Хрватска издало соопштение дека секој што ќе остави „реквизити“ на плажа ќе биде казнет, а предметите ќе бидат отстранети, пишува „Индекс.хр“.

Согласно член 59 од Одлуката за комунален ред, забрането е оставање на крпи, реквизити за плажа и други лични предмети на природни и уредени плажи по нивното користење.

Пропишани се и казни за прекршителите кои се движат од 80 до 200 евра за физички лица и до 1.300 евра за правни лица.

Градот Нови Винодолски ќе го отстрани секој предмет оставен на плажите, а сопствениците, ако сакаат, ќе можат да го подигнат во Домот за култура Нови Винодолски.

Предметите може да се подигнат во рок од осум дена.

Да потсетиме, во Дубровник се воведени и парични казни за несоодветна облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот