Хрватскиот премиер Пленковиќ во официјална посета на БиХ

Андреј Пленковиќ
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ / Фото: EPA-EFE/Virginia Mayo / POOL

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска допатува во официјална посета на БиХ, при што ќе престојува во Сараево и во Мостар. Целта на неговата посета е да испрати порака за интегритетот на БиХ и потребата од дијалог и намалени тензии во соседната држава.

– Пораката со која одиме во БиХ е знак и сигнал за пријателство, добра волја, добрососедство, соработка, порака за интегритетот на БиХ, но и порака дека сите три конститутивни народи (…) се чувствуваат добро и адекватно застапени, рече Пленковиќ.

На хрватскиот премиер му беше приреден свечен пречек пред Советот на министри и Парламентот на БиХ, по што заедно со неговиот домаќин, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, започнаа официјални разговори во кои ќе учествуваат и министри.

Во хрватската владина делегација се и министерот за финансии Здравко Мариќ, министерот за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ, министерот за море, транспорт и инфраструктура Олег Бутковиќ и државната секретарка за европски прашања Андреја Метелко-Згомбиќ.

Од босанската страна на разговорите учествуваат министерот за финансии Вјекослав Беванда, министерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Кошарац и министерот за врски и транспорт Војин Митровиќ.

Премиерот Пленковиќ ќе се сретне и со лидерите на двата дома на Парламентот на БиХ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот