Хрватскиот имунолог Чичин-Шаин: Ковид-19 наскоро ќе биде минато

Фото: youtube/printscreen

Меѓународен тим на научници од техничкиот Универзитет во Брауншвиг и Центарот за инфективни истражувања објавија текст во магазинот „Нејчр Комјуникејшнс“ (Nature Communications) за развојот на посебни антитела против коронавирусот.

– Не станува збор за вакцина, туку за стратегија што во основа делува како лек, па така антитела може да се даваат на луѓе кои се разболеле од ковид-19, а не превентивно како вакцина за луѓето да не се разболат, објасни доктор Лука Чичин-Шаин, вирусен имунолог во Центарот за инфектолошки истражувања во Брауншвиг, за ХРТ.

Она што е направено, вели тој, во основа се антитела што организмот инаку ги развива, се земаат од поединци кои ги имаат, се внесуваат во епрувета и потоа може да се даваат на други луѓе кои не успеале да ги развијат за да се неутрализира вирусот и на тој начин да му овозможи на организмот да се бори со инфекцијата.

Антитело е против ковид-19, но ист принцип треба и кај други инфекции

– Сигурно не сме први кои развиле против антитела, ги имаат и други тимови. Знаеме дека Доналд Трамп доби терапија со антитела кога беше позитивен на вирусот и таа веројатно многу му помогна. Но, новитет е дека тие антитела, ние ги добивме од серум на поединец и тоа многу порано пред да се појави пандемијата. Станува збор за серуми што се добиени во 2018, 2019 година, кога вирусот и не постоеше. Од нив успеавме да ги издвоиме оние антитела кои го препознаваат вирусот, кои се во состојба да го неутрализираат и во тоа е вредноста на нашата идеја, вели Чичин-Шаин.

Светот една година подоцна во борбата со ковид-19

– Сведоци сме на развој на вакцини со невидена брзина. Европската агенција за лекови денеска ја одобри четвртата вакцина, на праг е „Спутник V“ да биде петта. Значи, ширум светот се прозиведуваат вакцинни со кои можеме да ставиме крај на пандемијата. Нормална вакцина се развива и произведува пет години, сега сè се случува во една година. Гледаме дека технологијата помага и дека коронавирусот наскоро ќе биде минато, нагласи Чичин-Шаин.

Преземено од index.hr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот