Хрватски научник уверува: Паниката е потполно претерана, веќе имавме шест коронавируси

Фото: Фејсбук

Игор Рудан, еден од најуспешните и најцитирани хрватски научници, член на Кралското друштво во Единбург, им се обрати на новинарите и ја коментираше појавата на коронавирусот.

Тој зборуваше за важноста на одредени информации и нивниот контекст во јавноста.

– Не се случува апсолутно ништо што науката веќе не можеше да го очекува и предвиди; веќе имавме шест коронавируси кај човековата популација, ова сега е седмиот. Многу информации за тоа секогаш се гледаа во медиумите, но ако не се бавите со тие работи нема да знаете кои работи се важни, а кои не се. Гледам дека многу информации се провлекуваат како важни. Кога некој вели 2 проценти починати или 7 проценти починати не е исто кога ќе се каже дека тој податок е за некој дом за стари лица или во вкупната популација – вели Рудан.

Хрватскиот научник додаде дека паниката е претерана.

– Паниката е потполно претерана. Јас за жал не можам да тврдам дека починати од ова нема да има, како што главно има и од грипот и од сообраќајни несреќи, но размерите се друга работа. Што се однесува до мутацијата, би рекол дека коронавирусот би можел да мутира во две насоки – симптомите да станат посилни, но и постои можност тие да станат послаби. Ова не е нешто надвор од она што научниците се занимаваат, немојте да се грижите – уверува Рудан.

Повика да не се претерува со паниката и дека сите заинтересирани можат да ги следат неговите објави за коронавирусот на социјалните мрежи.

Хрватски научник од СЗО: Потребна е претпазливост, но никако паника за коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот