Хрватската писателка Ена Катарина Халер престојува на книжевна резиденција во Скопје

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во август престојува писателката од Хрватска, Ена Катарина Халер.

Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, а ќе има можност одблиску да се запознае и со македонската книжевна сцена.

Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а моментално работи на своето дипломско дело на Архитектонскиот факултет во Загреб.

Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Книгата се занимава со страдањето на едно село во Хрватска за време на Втората светска војна, прогонството на преживеаните на Блајбург и животот на стигматизираните групи жени и нивните деца, кои ги наследиле судбините и одлуките на нивните мажи.

Романот ги има добиено наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и во финалето за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Во 2022 година романот треба да излезе на македонски јазик во издание на „ПНВ Публикации“. Освен со пишување, Халер пишува и книжевни критики.

Во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, кој се занимава со семејната траума и проекцијата на таа траума на љубовните и пријателските односи. Во основата, тоа е роман за љубовта, на различни нивоа, но и роман за односот меѓу руралниот и урбаниот менталитет во посттранзицискиот период во Хрватска.

Резиденцијалниот престој на Ена Катарина Халер во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот