Хрватска се соочува со можен недостиг од лекови: Веледрогериите со побарувања од 700 милиони евра

Архива на СП

Хрватска се соочува со можен недостиг на лекови поради големиот долг на државата кон веледрогериите што во моментот изнесува околу 700 милиони евра (над пет милијарди куни). Претставници на веледрогериите денеска демонстративно заминаа од состанокот со министрите за финансии и за здравство, Здравко Мариќ и Вилијем Берош, тврдејќи оти не им е понудено решение.

– Можам да бидам партнер на системот до две милијарди куни. Ние повеќе од две милијарди куни не можеме да толерираме. Тоа е работа на Владата, изјави претставничка на една од веледрогериите.

Таа додаде дека долгот на болниците е 4,3 милијарди куни, а аптеките должат уште 700 милиони куни, па вкупниот долг надминува над пет милијарди куни.

Министерот за финансии Мариќ истакна дека лековите се важни, но оти треба да се земе во предвид и каква е ситуацијата со буџетот. Тој додаде дека се пред договор и оти ќе продолжат разговорите, а дел од средствата ќе биде обезбеден со ребаланс на буџетот.

– Настојуваме преку прераспределба да најдеме дел од средствата и се надевам дека избегнеме застој во дистрибуцијата на лекови, посочи Мариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот