Хрватска: Поднесено обвинение за Ивица Тодориќ, за неговите синови и за директорите на Агрокор
Хрватското државно Обвинителство поднесе обвинение до Жупанискиот суд во Загреб за случајот со „Агрокор“. Предметот против Ивица Тодориќ и против 14 други лица е на 459 страници, а целиот акт што е проследен до судот е на околу 80.000 страници, јавува Н1. За потсетување, жупаниското државно Обвинителство во Загреб на 17 август го продолжи рокот за подигнување на обвинение за дополнителни 30 дена поради сложеност на постапката.
Препорачано
Жупаниското државно Обвинителство отвори истрага против Ивица Тодориќ, против неговите синови Иван и Анте Тодориќ и уште 12 менаџери во „Агрокор“ во ноември во 2017 година поради незаконско присвојување на над една милијарда куни.
Покрај Ивица Тодориќ и синовите, во истрагата за Агрокор се опфатени и Алојзие Панџиќ, Дамир Куштрак, Хрвое Балент, Ивица Црњац, Оливио Дискордиа, Маријан Алагушиќ, Сања Хрстиќ, Мислав Галиќ, Томислав Лучиќ, Пирушка Цањуга, Љерка Пуљиќ и Ивица Сертиќ.
Сите тие биле членови на Управниот или на Надзорниот одбор во „Агрокор“ додека Дискордиа и Хрстиќ биле вработени во ревизоркста куќа „Бејкер Тили“ која ги изработувала ревизорските извештаи за компанијата.
Истражен затвор беше одреден само за Ивица Тодориќ која по испорачлувањето на Хрватска од Лондон беше спроведен во затворот Реметинац за лани, на 20 ноември, да биде пуштен на слобода со кауција од 7,5 милиони куни и мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на Загреб.
За Тодориќ, во меѓувреме, почна и судењето во кое е обвинет дека го оштетил „Агрокор“за 1,25 милиони евра.


