Проф. Борче Треновски / фото: ТВ21

Храната и енергијата во следните две години треба да поевтинат, вели професорот Треновски

Универзитетскиот професор Борче Треновски вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека глобалните проекции покажуваат дека во 2025, но и во 2026 година, цените на храната и енергијата би требало да стагнираат или да се намалуваат.

„Има определено нагорно-надолно движење кај електричната енергија, меѓутоа кај нафтата и другите деривати имаме намалување, металите имаат различно движење. Се претпоставува дека монетарната политика ќе се намали односно со инфлацијата ќе се намалуваат и понатаму иако дискутабилно е колку ќе се намалуваат каматните стапки на глобално ниво. Економскиот раст се уште останува нестабилен“, вели Треновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот