Храна со инфламаторно дејство што треба да ја избегнувате

Инфламацијата е природна одбрана на вашето тело од штетни напаѓачи како што се бактерии, вируси и патогени, како и заздравувањето по повреда или траума.

Кога ќе се разболиме, првичниот одговор на нашето тело е да создадеме повеќе бели крвни клетки за да помогнеме да се исфрли вирусот или бактериите што го нападнале нашиот систенм.

Развиваме симптоми како што се треска, кашлица, ноќно потење, дијареја – сето тоа е одговор на инфмалација и е природен начин на нашето тело да се справи со „болеста“.

Сепак, постои еден вид на инфламација што може да биде многу штетна за нашите тела, и се нарекува хронично воспалување или инфламација.

Во одредени околности, воспалувањето продолжува подолг временски период отколку што е потребно.

Таквите процеси може да се манифестираат во автоимуни заболувања, афти, дијабетес, срцеви заболувања или карцином.

Со цел да помогнеме во ублажување и намалување на инфламацијата, треба да обрнеме внимание на тоа како се грижиме за нашите тела.

Факторите како што се стресот, спиењето, токсините во животната средина – играат огромна улога во инфламаторниот процес кој што се развива во нашите тела.

Исхраната секако е, огромен фактор, поради тоа внесот на антиинфламаторна храна е многу важна.

Постојат одредени намирници кои, ако се јадат често и особено во комбинација со лоши начни на живот можат да предизвикаат похроничен инфламаторен напад.

Во инфламаторна храна спаѓа сè што содржи транс масти, како што се маргарин, масло од пченка или пржена храна.

Храната богата со транс масти ја зголемува количината на „LDL“ холестерол во крвта и ја намалува количината на „HDL“ холестеролот што помага да се отстрани вишокот холестерол од вашето тело.

Млекото е чест иритант кај луѓето кои се нетолерантни на лактоза. Многу луѓе не знаат дека се нетолерантни на лактоза затоа што немаат преизразити симптоми. Кај секој човек е различно. За оние кои се чувствителни на млечни производи со целосна масленост, тоа може да предизвика развој на акни, надуеност и непријатност во стомакот.

Масното црвено месо содржи заситени масти кои, кога се консумираат често во големи количини исто така можат да го зголемат нивото на холестерол. Друга храна што содржи високо ниво на заситени масти се путер, пилешка кожа, палмино и кокосово маслов.

Потрудете се да го ограничите внесувањето на оваа храна на минимун. Наместо тоа, одлучете се за масна риба (која содржи омега масни киселини), мешунки, пилешко месо и јајца.

Внесот на шеќерот е исто така важен кога се обидувате да го намалите инфламаторен процес во вашето тело. Кога се консумира прекумерно, шеќерот може да го стимулира производството на масни киселини во црниот дроб.

Шеќерот е поврзан со зголемување на инфламаторните маркери, пропустливост на цревата и зголемување на телесната тежина.

Природните шеќери кои се присутни во овошјето не се штетни и не предизвикуваат воспаленија, бидејќи вашето тело ги обработува поинаку.

Многу е важно да обрнете внимание на тоа каква храна може лошо да влијае на вашето тело. Онаа храна што кај вас може да предизвика непријатност или инфламаторно дејство, не мора да значи дека истото ќе се случи и кај вашата сестра или брат, дете или пријател.

Препорачливо е секој од нас еднаш да направи тест за чувствителност на храна или алергени. Добрата вест е што има повеќе антиинфламаторна храна за уживање отколку што има инфламаторна храна за минимизирање или избегнување.

Во антиинфламаторна храна спаѓаат сите житарки без глутен, свежо овошје, зеленчук, здрави масти како што се авокадо, маслиново масло и масна риба, зачини како ѓумбир, куркума, цимет, шафран и каранфилче, лук, семиња како што се бадеми, ореви, лен и семки од сончоглед како и зелениот чај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот