Хоти: Белград се согласи на процес, чиј исход мора да биде признавање

Преговорите со Белград мора да завршат со трајно решение на проблемот, рече косовскиот премиер Авдулах Хоти, пренесува Танјуг.

– Србија се согласи да влезе во процесот на дијалог, што ќе доведе до заемно признавање на двете земји, рече Хоти за време на онлајн дискусијата за дијалогот, организирана од граѓанско општество.

Она на што се работи во оваа фаза, рече Хоти, е изготвување на елементите на конечниот договор.

Тој истакна дека за територијалниот интегритет на Косово не може да се преговара и оти за тоа не се разговарало на ниту една тркалезна маса на која тој учествувал во текот на изминатите три месеци.

Во врска со утрешниот состанок во Брисел, нема да се разговара за Заедницата на српски општини, така што нема да биде „опасна средба за нас”, рече косовскиот премиер, кој индиректно одговори на изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека отворањето на прашањето на ЗСО беше „чекор назад” за Приштина, пренесува Танјуг.

Прочитајте и...  Фејсбук со забрани и рестрикции за изборите во САД

Делегациите на Белград и Приштина утре на експертско ниво ќе разговараат за финансиските обврски на двете страни, вклучително и воените надоместоци и пензиите, рече Хоти.

Тој нагласи дека Приштина од договорот постигнат во Вашингтон со Белград ќе има корист од околу една милијарда американски долари инвестиции во разни проекти. 

Прочитај повеќе

Заев на 8 октомври на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

Слободен печат

Полскиот министер за здравство со предупредување до нацијата: Можна е ескалација на пандемијата

Слободен печат

Рот со порака до Димитров: Ги исполнивте условите, преговорите треба да почнат што побргу

Слободен печат

Црна Гора: Почна новата учебна година под посебни епидемиолошки мерки

Слободен печат

Роденденско изненадување во Берлин: Михаел Рот го пречека Димитров со торта и свеќичка (ВИДЕО)

Слободен печат

Решение на Општина Центар: Рок од три дена за отстранување на челичната конструкција пред гостилницата „Аманет”

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нема закон за вонредна состојба, затоа има разногласие околу уредбите

Весна Тодоровска

ВМРО-ДПМНЕ на мисла да иницира постапка за импичмент на претседателот Пендаровски

Слободен печат

Песков во име на Путин: Тврдењата на Навални се навредливи и неприфатливи

Слободен печат

Иран на секои 23 секунди пријавува нов случај на коронавирус

Слободен печат

И стар автомобил не може да се купи без кредит

Весна Дамчевска

Меркел: Дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција

Слободен печат