Хороскоп за 9 април – Погледнете што ве очекува овој четврток…

Profimedia
профимедиа

Овен

Го покажувате својот максимум на работа. Вашата кариера и денес ќе стагнира но не се грижете следат подобри денови во блиска иднина. Секоја деловна понуда која може да ви помогне на финансиски план треба да ја прифатите. Оној на кого секогаш можете да се потпрете е партнерот.

Бик

Повремено имате лоша проценка и очекувате расплет на случувањата од љубовниот живот. Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже вашата слаба страна. Избрзувате со одлуките.

Близнаци

Ви се препорачува да бидете внимателни, немојте премногу да се потпирате на луѓето во кои немате доверба. Во љубовта сте прилично активни, но не постигнувате особено складен однос со партнерот, бидејќи често го кажувате токму тоа што го нервира. Вашето здравје е добро.

Рак

Материјалната страна денес ќе дојде до израз и ќе правите планови за нејзино подобрување. Денес е можна и добивка кај еден член од семејството. Доколку сте во брак, полека почнувате да се навикнувате на навиките на партнерот и на фактот дека не знае што да прави со себе.

Лав

Правите се, за да успеете во она што сте го наумиле. Ќе наидете на деловен партнер каков што одамна сакате. Магично сте привлечни за спротивниот пол. Ве оптеретуваат некои хронични здравствени проблеми.

Девица

Ќе ве мачат сомневања што не се реални. Фантазијата ви се оттргна од контрола, па запрете ја. Работните активности се секаде околу вас. Ќе работите прекувремено. Внимавајте на варењето. Нервите ви се чувствителни. Искористете го доброто паметење.

Вага

Станувате многу неосетливи, заинтересирани сте само за спроведување на ред и дисциплина. Во односот со партнерот потребна е апсолутна слобода. Партнерот нема да го подржи тоа. Здравствената ситуација не ви е на завидно ниво.

Скорпија

Ќе успеете да ги реализирате идеите. Изгледате како тивка и сензитивна личност, но во акција сте ладни и бездушни. Со партнерот сте отворени и дружељубиви. Целокупниот однос е надополнет со искрени чувства. Одлична здравствена ситуација.

Стрелец

Лоша парична ситуација бидејќи немате иницијтива било што да промените. Можете лесно да најдете логични решенија. Интелектуалните способности ви се постојани. Односот со партнерот е многу необичен. И двајцата сте многу тврдоглави. Проблеми со варењето.

Јарец

Поради лошите проценки ви се извлекуваат добрите нешта. Доколку малку се воздржите и го задржите умерен вашиот став, можете да се извлечете без последици. Партнерот инвестира многу напор со цел да ве разбере. Ќе бидете депресивни.

Водолија

Ангажираноста во вистински момент ќе ви донесе неочекувана добивка. Во љубовта сте креативни, но ви недостасува ентузијазам и уверливост. Многу сте специфични и имате невообичаени стандарди. Ве оптеретуваат проблеми со отекување на нозете.

Риби

Подготвени сте за секаков вид на соработка, но приливот на пари е мал и непостојан. Имате многу чувствителен партнер. Потребна ви е некоја емотивна компатибилност. Ова е период на постојано седење во домот. Можни се проблеми со вратниот дел од грбот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот