Хороскоп за 18 јануари - Прочитајте што ве очекува оваа сабота! - Слободен печат

Хороскоп за 18 јануари – Прочитајте што ве очекува оваа сабота!

Овен

Може да дојде до помирување со личноста со која не сте контактирале. Партнерот добро ги разбира вашите желби, но врз основа на вашите емотивни реакции ги препознава и работите кои мудро ги преќутувате. Разубавете се себе си и вашата околина, тоа ќе ве исполни со позитивно расположение.

Бик

Прифатете го советот од околината, тој ќе ви биде од корист. Не го лажете партнерот со лоши приказни. Пред партнерот не е важно само што зборувате туку и она што го правите и чувствувате. Проверете ја здравствената состојба.

Близнаци

Имате потреба за напредување, вашите деловно-финансиски резултати ги надминуваат просечните мерила. Партнерот ги разбира вашите емотивни потреби, сјајно се дополнувате во различни ситуации. Ви се препорачува повеќе одмор и прошетки.

Прочитајте и...  До пролет во топ форма: Диета со здрави јагленохидрати

Рак

Некој сака да ги употреби вашите изјави во своја корист. Бидете дискретни во интерперсоналните средби. Нема потреба да имате големи илузии или емотивни очекувања за лицето кое не го познавате доволно. Здравјето ви е стабилно.

Лав

Деловната ситуација се поправа, а со самото тоа и вашето расположение. Неочекуваните добивки кои пристигнуваат ќе ви помогнат да ги надминете сите пречки кои се поставени пред вас. Ќе дојде до помали несогласувања во партнерските односи, што многу ќе ви пречи. Можна е забоболка.

Девица

Склони сте на повлекување во себе и не сте заинтересирани да навлегувате во нови работи. Ви се советува да ја повратите самодовербата и да тргнете во победи. Партнерот ви е голема поддршка во се. Ве очекуваат убави заеднички моменти. Можни проблеми со забите.

Прочитајте и...  Зошто никогаш не треба да возите на поплавен пат? (ВИДЕО)

Вага

Ќе го потврдите своето знаење и способноста во конкретни случаи. Прифатете ја љубовната понуда од една личност од блиската околина. Бидете доволно шармантни пред личноста која ги тестира вашите духовни квалитети. Потребен ви е сон.

Скорпија

Тешко ги поднесувате критиките од лицата кои не ги поднесувате доволно. Препуштете им се на обврските без висок степен на деловен ризик. Важно ви е да изгледате убаво, духовито и шармантно пред својата околина. Имате добро здравје.

Стрелец

Ви се препорачува да продолжите со започнатата иницијатива и да не се завртувате кон негативните коментари. Немојте да го заострувате вашиот однос со саканото лице. Се исцрпувате премногу и тоа се одразува на вашиот имунолошки систем.

Прочитајте и...  Паста со печурки и бело вино готова за 15 минути

Јарец

Не сакате да одговарате на провокативните прашања. Лоша комуникација со соработниците. Доколку сте незадоволни со емотивниот или брачниот статус, преземете некои нешта во свои раце. Контролирајте го внесот на слатки, можна е дебелина.

Водолија

Не очекувајте значителна деловна или практична поддршка. Имате доволно сила да им се спротивставите на различните проблеми, но дополнителниот стрес лошо се одразува на вашата здравствена состојба. Љубовното внимание секогаш делува како најдобар лек за душата.

Риби

Ќе успеете да ги завршите сите обврски пред зададените рокови. Важно е дека правилно се разбирате со своите соработници околу распределбата на деловните обврски. Забележувате дека партнерот има некои тајни планови, што дополнително влијае на вашата нервоза. Болки во пределот на грбот и зглобовите.

Прочитај повеќе

Шабан и Есма беа големи пријатели: Погледнете што напишал тој за неа кога таа почина (ФОТО)

Слободен Печат

Пријателството помеѓу Опра и поранешниот кралски пар е во криза!

Слободен Печат

До пролет во топ форма: Диета со здрави јагленохидрати

Слободен печат

Поглед на еден маж кој сака да остане анонимен: Три УЖАСНИ митови за жените!

Слободен печат

Најпознатиот еротски магазин во Југославија: На патот до трафиките снемувало и до 10.000 примероци (18+)

Слободен Печат

Колку часа треба да вежбате за да видите резултати?

Слободен печат

Остави Коментар

Шестнаесет − два =

Прочитај повеќе

Модната формула на Џенифер Анистон, кралицата на минималистичкиот стил: Овие две работи никогаш не би ги носела! (ФОТО)

Слободен Печат

Секоја кинематографија би била горда на нив: Ова се најубавите германски актерки! (ФОТО)

Еспресо

Дел од необјавено интервју со Шабан Шаулиќ: Многу брзо ми помина животот, тој „горе“ одлучува колку и кога! (ФОТО)

Слободен печат

Беше пример за неверојатна убавина: Поради пластичните операции денес изгледа непрепознатливо! (ФОТО)

Слободен Печат

Полубратот на Меган Маркл на работ на егзистенција: Останав без куќа, за малку ќе морав и да просам…

Слободен Печат

Поминаа 75 години од познатата битка за Иво Џима: За 36 дена загинаа 28.000 војници (ВИДЕО)

Слободен печат