Холивуд сака книги: Ѕвездите и книжевните клубови, супер мода која едвај ја чекаме и кај нас!

Глумиците Ема Вотсон, Рис Витерспун и Ема Робертс, и водителката Опра Винфри, се само некои од познатите читатели на книги. Секој месец на своите бројни „фанови“ на социјалните мрежи им препорачуваат што да читаат, а се водат и „дебели“ дискусии за книгите на нивните книжевни клубови.

Фото Фејсбук

А, сѐ започна пред три години кога Хермиона од „Хари Потер“, односно глумицата Ема Вотсон, го отвори феминистичкиот клуб за книги насловен „Our Shared Shelf“. Во овој Интернет-клуб се добредојдени пред сѐ жените, а Ема секој месец препорачува на читателите по една книга, но и поставува прашања на кои може да се дискутира. Има над сто илјади пријатели кои уживаат во читањето книги и во нејзините препораки.

– Како дел од мојата работа за ОН, почнав да читам што е можно повеќе книги и есеи за родовата еднаквост. И пронајдов многу работи така, смешни и тажни книги, инспиративни четива кои ќе ве натераат да размислувате. Толку многу насобрав информации во главата што мислев дека ќе ми пукне, затоа одлучив да отворам книжевен клуб за да го споделам тоа што го учам, и да ги слушнам мислењата на јавноста, објаснува Вотсон.

По неа, и глумицата Ема Робертс одлучи да основа книжевен клуб „онлајн“. Се вика „Белетрист“, има Инстаграм профил и Интернет-страница, а секој месец глумицата објавува по еден наслов, поканувајќи ги своите фанови заедно да ја прочитаат книгата. Дополнително, страницата има и видеа и разговори кои се поврзани со препорачаната книга.

Ема Робертс, фото Фејсбук

За Рис Витерспун пак, обожуватлите на книги велат дека е „папа“ меѓу ѕвездите кои читаат. Нејзината Интернет – страница, насловена Reese Witherspoon’ s Book Club, има бројни фанови, а активна е и на Инстаграм и на Фејсбук. Постојано сугерира наслови за читање, ама и развива книжевни дискусии. Често постира и „селфи“ фотографии на кои позира во друштво со омилените книги.

Рис Витерспун, фото Фејсбук

И водителската ѕвезда Опра не остана имуна на оваа мода. Во составот на нејзината позната „Опра Организејшн“, која постои од 1996 година, отвори и книжевен клуб. Денес, страницата ја следат неверојатен број луѓе, а содржи многу препораки за читање. Самата Опра, често остава и долги коментари после прочитаната книга, а постира и интересни интервјуа со луѓето кои ја прочитале предложената книга.

Опра, фото Фејсбук

Дали овие славни лица ги охрабрија своите обожаватели да читаат повеќе? Се разбира дека да. И едвај го чекаме овој бран кај нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот