Холанѓанецот признава: Во Реал најдобар пријател ми беше вотката

твитер

Весли Снајдер е еден од најдобрите холандски фудбалери во 21. век.

Најубавите моменти во кариерата Снајдер ги имаше во Интер кога заедно со капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, успеаја да триумфираат во Лигата на шампионите, а во таа 2010 година „нероаѕурите“ триумфираа и во Серија А и во Купот на Италија.

Првото интернационално искуство за Снајдер беше најголемиот клуб на светот, Реал Мадрид, во кој пристигна во 2007 година и тоа од Ајакс за сума од 25 милиони евра.

Холанѓанецот не се снајде во Реал Мадрид и верува дека главна причина за тоа беше лошиот начин на живот.

– Бев млад, сакам да бидам успешен и да бидам во центарот на вниманието. Правев лоши работи во Мадрид, не станува збор за дрога, туку за алкохолот. Живеев како ѕвезда, таму сите ве обожуваат бидејќи сте играчи на Реал и немате никакви проблеми да отидете каде сакате и да потрошите илјадници евра. Играв добро во Реал но можев да играм уште подобро. По одреден период сфатив дека можам единствено можам да бидам самец и шишето вотка ми стана најдобар пријател. Со тек на време работите стануваа се полоши, евидентно беше дека не сум фокусиран на фудбалот. Се лажев себе си дека се ќе биде во ред, но паднав на физички план, помалку трчав, почнав да се кријам од тренерот и мислев дека нема никој да примети. Руд Ван Нистелрој и Арјен Робен ме предупредуваа, ми велеа дека нема да издржам долго со таков начин на живот – пишува вели Снајдер во својата автобиографија.
Холанѓанецот во Реал Мадрид остана само две години по што се пресели во Интер каде повторно ја оживеа кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот