Холандските фармери ќе добијат 1,5 милијарди евра за да стават клуч на врата

Протести Холандија земјоделци Фото Профимедиа

Европската комисија одобри финансиски средства од 1,47 милијарди евра за планираното намалување на добитокот во Холандија. Парите ќе бидат наменети за купување на 3.000 сточарски фарми во подрачјата „Натура 2000“ и нивно трајно затворање. Холандија е земја која постигнува висока продуктивност во земјоделството, особено сточарството, со релативно малку обработливо земјиште. Целта на владата во Хаг е да ги намали емисиите на азот од земјоделството во особено загадените области, пишува порталот „Агрархјојте“, а пренесува „Агроклуб“. Според извештаите, околу 500 милиони евра компензација се доделуваат во форма на директни грантови. Целта е да се надомести до 100 проценти од загубата на фармерите кои трајно и неотповикливо ги затвораат своите крави, свињи или живинарски фарми. Производителите се обврзуваат да не започнуваат исто производство на животни во Холандија или која било друга земја членка на ЕУ. Втората, поголема сума од 975 милиони евра е наменета за сточарски фарми со најголеми емисии на азот. Покрај одгледувачите на крави, свињи и живина, може да го користат и одгледувачите на телиња. Како што објавија медиумите, на земјоделците под одредени услови им се обештетуваат до 120 отсто од загубите. Обврската да се откаже од сточарството важи и за идниот купувач или корисник на предметното земјиште. Холандија е пример за земја која постигнува висока продуктивност во сточарството и во земјоделството воопшто. Ваквата одлука може да го наруши европскиот пазар на млеко и месо во ЕУ во наредниот период. Освен еколошкиот аспект, друга цел на оваа одлука би можела да биде намалување на производството. Од 2015 година кога се укинаа квотите за млекопроизводителите, дојде до хиперпродукција поради што паднаа цените на млекото, а неодамна поради санкциите кон Русија производителите тешко продаваат суровини, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот