Холандски политичар на Твитер ги спореди ковид мерките со холокаустот, судот му нареди да ги избрише објавите

Тиери Бодет
Тиери Бодет / Фото: BART MAAT / AFP / Profimedia

Десничарскиот пратеник во холандскиот парламент, Тиери Бодет, мора да ги избрише објавите на социјалните мрежи кои ги споредуваат ковид мерките со холокаустот, пишува Политико.

Лидерот на Форумот за демократија на Твитер рече дека невакцинираните луѓе се „нови Евреи“, а оние што гледаат настрана се „нови нацисти“.

Судот му наложи да ги избрише огласите во рок од 48 часа или може да добие казна од 25.000 евра.

Навреда на жртвите

Ваквата пресуда судот ја донел поради, како што се наведува, „бесмислено навредување на жртвите од холокаустот и нивните роднини“.

Исто така, му беше забрането да објавува какви било слики од холокаустот за време на дискусиите за холандските мерки против ковид.

Да потсетиме, во серија објави на социјалните мрежи во ноември, Бодет направи споредби меѓу невакцинираните и жртвите на нацистичкото прогонство поради правилата усвоени од холандската влада за борба против коронавирусот.

Ќе се жали

Бодет објави и слика од нацистичкиот концентрационен логор, пишувајќи „Како е можно да не се види историјата која се повторува?“

Четири преживеани од Втората светска војна и еврејски организации поднесоа тужби против него, обвинувајќи го дека го минимизира холокаустот.

Адвокатот на Бодет инсистираше на тоа дека тој немал намера откритијата да бидат навредливи, туку како предупредување за тоа што може да доведе со мерките за невакцинираните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот