Хоакин Феникс повторно во улога на Џокер: Објавен датумот на премиерата на психолошкиот трилер

џокер
Фото: Profimedia

Психолошкиот трилер на Тод Филипс достигна неверојатен успех во 2019 година по што стана еден од најпрофитабилните и најбрзо растечките R-rated филмови на сите времиња, надминувајќи ги претходните рекордери „Deadpool 2“ и „It“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hosein (@hosseinghasemi05)


Филмот нурна длабоко во испревртената психа на Артур Флек, ликот на Феникс, и ги воодушеви фановите на филмската уметност. Продолжението на филмот „Џокер“ ќе се појави во кината ширум светот на 4 октомври 2024 година, соопшти портпаролот на филмската компанија „Warner Bros“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @joaquinphoenixoffical_


Хоакин Феникс повторно ќе ја игра главната улога во продолжението на „Џокер“: Лудило за двајца“, пренесува „Ројтерс“.

Феникс доби Оскар за најдобар актер во 2019 година за улогата на Џокер. Други детали за продолжението на филмот сè уште не се соопштени од „Warner Bros“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)


Списанието „Variety“ сепак објави дека новиот филм ќе биде мјузикл, а се очекува улогата на соработничката на Џокер, Харли Квин, да ја игра Лејди Гага.

Повеќе написи на темата:

Режисерот Тод Филипс го потврди продолжението на „Џокер“: Хоакин Феникс веќе го чита сценариото!

 

Се шират гласини: Лејди Гага ќе ја игра Харли Квин во вториот дел на „Џокер“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот