„Хисенс“ отпуштените работници од „Горење“ ќе ги вработи во нова фабрика за телевизори

Според најавите првите телевизори во новата фабрика треба да почнат да се произведуваат следната година.

Раководството на кинеската компанија Хисенс која е сопственик на гигантот Горење, објави дека ќе отвори нова фабрика за телевизори каде предност при вработувањето ќе имаат работниците кои ги отпушти поради намалување на производството за време на пандемијата со коронавирусот.

Плановите на Хисенс е производствените капацитети да бидат сместени во објектот на Горење во Велење. Според најавите првите телевизори во новата фабрика треба да почнат да се произведуваат следната година. Предвидено е првично да се вработат 350 луѓе кои би произведувале над четири милиони телевизори годишно.

Сите оние работници кои веќе добија откази од Горење, сега ќе имаат предност при вработувањето, а компанијата ќе има даде и посебни писма со препорака.

Отказите во Горење предизвикаа голем број реакции и протести. Најголем дел од отпуштените се жители на Велење, Шоштањ и околните места, па затоа на случувањата во компанијата се гледаше како на голем социјален удар врз регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот