Хироу е јунакот, Мајами на чекор од финалето на НБА (ВИДЕО)

epa08677627 Miami Heat guard Tyler Herro (L) passs the ball over Boston Celtics guard Brad Wanamaker (C) and Boston Celtics forward Jayson Tatum (R) during the second half of the NBA basketball Eastern Conference finals playoff game two between the Miami Heat and the Boston Celtics at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 17 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Мајами хит го совладаа Бостон селтикс со 112:109 и поведоа со 3:1 во победи во финалето на Источната конференција.

Мајами до пласманот во големото финале во НБА лигата го дели само една победа. Последен пат Мајами играше пред шест години кога загуби од Сан Антонио спарс со 4:1 во победи.

Херој во третиот триумф во серијата против Бостон е младиот Тајлер Хироу кој постигна 37 поени и постави рекорд на Мајами. Овие 37 поени се највеќе кои се постигнати од дебитант на еден плеј-оф натпревар во историјата на Мајами.

Исто така, Хироу е вториот играч во историјата кој на 20 години постигнал повеќе од 35 поени, првиот е легендарниот Ирвин Меџик Џонсон кој во финалето 1980 година на Филаделфија и уфрли 42 поени.

Кошаркарите на Мајами во најголем дел од првото полувреме имаа предност, но разликата беше минимална. На стартот од третата четвртина „жешките“ за прв пат се одлепија и направија 12 поени предност, но пред стартот на последната четвртина таа предност се стопи и изнесуваше само еден поен (77:76).

Играчите на Бостон успеаја да направат пресврт и да поведат со 85.84 што беше гаранција за неизвесна завршница.

Во неа, Бостон беше тимот кој го бркаше резултатот, на 16 секунди до крајот Џејлен Браун со тројката намали на 107:104. Хироу беше прецизен од линијата за слободни фрлања и ги носи „жешките“ на плус пет (109:104), но Кемба Вокер на идентичен начин намалува на 109:107. Одговорноста во последните моменти ја презеде Џими Батлер кој беше фаулиран и не погреши од слободните фрлања, погоди три пати од четири обиди за конечни 112:109.

Предводник на Мајами во победата беше Хироу со 37 поени, Џими Батлер ддодаде 24 поени, Горан Драгиќ имаше 22 поени, а Бам Адебајо 20 поени и 12 скокови.

На спротивната страна Џејсон Тејтум уфрли 28 поени, Браун додаде 21 поен, а Кемба Вокер 20 поени за Бостон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот