Хипотеките во Бугарија сè поевтини, поскапуваат потрошувачките кредити!

Станбените кредити продолжуваат да поевтинуваат додека потрошувачките поскапуваат. Ова го покажуваат податоците на Бугарската народна банка. Според нив, хипотекарните стапки се намалени за 0,08 отсто на годишно ниво, или од 2,58 отсто во декември 2023 година паднаа на 2,5 отсто во последниот месец од минатата година. Кај потрошувачките кредити има раст од 0,42 отсто врз основа на декември 2023 година и истиот месец од 2024 година.

Така, просечниот пораст на цената на потрошувачките кредити сега изнесува 10,03 отсто. Вкупниот износ на доделените кредити заклучно со декември изнесува 680 милиони лева, што е 100 мил. лева помалку од претходниот месец. Како што напиша „Телеграф.бг.“, тоа се должи на заострувањето на условите на банките не само за одобрување хипотекарни, туку и за потрошувачки кредити.

Банките не сакаат да преземат исто ниво на ризик кога размислуваат за договор за заем, а во исто време се притиснати од зголемените стапки на депозитите бидејќи штедните пари се главен ресурс кога банките одобруваат кредит. Ова се причините поради кои банките почнуваат да го заоструваат кредитирањето, коментира финансискиот експерт Десислава Николова од „Мои пари“. Таа посочи дека воведените ограничувања главно влијаат на односот меѓу ратата на долгот и приходот на заемопримачот.

„Не треба да биде повеќе од 50%. На пример, ако сте пријавиле 2.000 лева нето приход, обврската да не биде поголема од 1.000 лева, појасни Николова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот