ХИЛАРИ НЕ МОЖЕ ДА ГО ЗАБОРАВИ МИНАТОТО: Заради фотографијата каде таа честита Божиќ, сите и се смеат (ФОТО)

Фото: Твитер

Бившата прва дама Хилари Клинтон очигледно не може да го преболи и заборави своето минато, особено деновите кога престојувала во Белата куќа, па на специфичен начин им го честитала Божиќ на Американците, што не добило позитивни реакции.

Таа на своите 26 милиони следбеници на Твитер им ги честитала божиќните празници со фотографија од 2000 година, на која покрај елката стоеле таа и тогашниот американски претседател, Бил Клинтон.

Неколку дена претходно, исто така на Твитер, таа го честитала еврејскиот празник Ханука, споделувајќи уште една фотографија од времето додека била прва дама.

Минатата година исто така на своите следбеници им посакала среќен Божиќ со стара фотографија од времето додека претседател бил нејзиниот маж.

Потоа следела новогодишна порака за 2018 година и повторно стара фотографија, снимена ноќта на повторно избирање на Клинтон за претседател.

„Трамп е и понатаму твој претседател“, „Застани малку, размисли како да станеш подобра личност“, „Дали Епстајн е закопан под елката“, се само некои од коментарите. Голем број на Твитер корисници ја закачиле фотографијата од претседателот Доналд Трамп и сопругата Меланија, со честитка „Среќен Божиќ“, но и сликата од нејзиниот сопруг во плав фустан, пронајдена во вилата на педофилот Џефри Епстајн, кој под сомнителни околности умре во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот