ХЕРОЈСКИ ПОТЕГ НА 13-ГОДИШНО МОМЧЕ: Пешачел 23 километри за да побара помош по бруталниот напад врз неговото семејство во Мексико

Продолжува потрагата по напаѓачите/Фото: EPA-EFE/LUIS TORRES

Преживеано момче (13) од нападот извршен од страна на мексикански картел врз повеќе возила во кои имало семејства од САД, успеало да сокрие шест браќа и сестри во блиски грмушки, пред да испешачи 23 километри за да побара помош, рекоа од неговото семејство, а пренесе Би-Би-Си.

Осум деца преживеаја во нападот кој се случи во понеделникот во северниот дел на Мексико, каде три жени и шест деца беа убиени. Пет од децата имаат прострелни рани од куршуми, информираа медиумите во САД.

Жртвите се членови на семејството ЛеБарон, поврзани со момонската задница која се населила во Мексико пред неколку декади.

Министерот за безбедност на земјата рече дека групата најверојатно била нападната по грешка, и дека напаѓачите мислеле оти напаѓаат други лица. Но, членови на семејството рекоа дека заедницата, која е позната по силите критики за насилството на картелите, примала закани во минатото.

Во сојузната мексиканска држава Сонора често се случуваат судири на две ривалски банди, „Ла Линеа“, која е поврзана со поголемиот картел од Хуарез, и „Лос Чапос“, која е дел од картелот Синалоа.

Што се случи на кобниот ден

Група на три мајки и нивните 14 деца тргнале со три автомобили од местото Бависпе во Сонора кон сојузната држава Чивава. Жените патувале заедно поради „безбедносни причини“, изјави за Си-Ен-Ен нивен роднина.

Набрзо откако тргнале, сите три возила биле нападнати од вооружени луѓе.

Девин Лангфорд (13), патувал заедно со неговите осум браќа и сестри и неговата мајка во едно возило. Мајката, Давна Лангфорд е убиена, заедно со негови двајца браќа.

Тинејџерот успеал да излезе од возилото заедно со другите негови шест браќа и сестри и да се сокрие во грмушките кои се биле во близина. Потоа, тој пешачел шест часа до базата на заедницата во Ла Мора.

Една од сестрите на Девин, деветгодишната Мекензи, останала со останатите браќа и сестри, а потоа се упатила да го бара својот брат откако тој не се вратил. Таа потоа била пронајдена од спасувачите.

Бруталниот напад се уште неименуваниот картел предизвика силни реакции во јавноста, а американскиот претседател Доналд Трамп му понуди на Мексико воена помош за справување со насилните криминални банди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот