Хенес ја советува Борусија: Не можат да го предизвикаат Баерн се додека фудбалерите ги третираат како роба

twitter/Bayern & Germany

Баерн Минхен е фудбалска институција во Германија, но и во Европа и засега се едиствени со Јувентус кои доминираат во своите првенства повеќе од пет години. Доминацијата на Јувентус во Серија А започна 2012 година, додека таа на Баерн во Бундеслигата една година подоцна.

Последен тим кој беше германски шампион пред да започне доминацијата на Баерн Минхен е Борусија Дортмунд и тоа во 2012 година, а оттогаш освои само еден германски Куп.

Бундеслига: Баерн – Борусија/фото twitter/diebundesiga

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, смета дека причина за неуспесите на Борусија е лошата трансфер политика.
– Доколку Борусија донесе талентиран фудбалер, а тој почне да игра добро, само неколку месеци подоцна ќе ги слушнете челниците на екипата како тоа момче наскоро ќе биде на продажба. Како мислат фудбалерот да ја впие клупската ДНК доколку не е 100 проценти врзан за клубот, туку го третираат како роба – остар е во свооите зборови Ули Хенес кој навести што ќе се случува наскоро со младиот Џад Белингем кој беше купен за 23 милиони евра.

– Еве, само што го купија Белингем. Но, почекајте некој месец и ќе видите дека набрзо момчето ќе стане предмет на интерес на другите екипи доколку игра добро. Тогаш во Дортмунд ќе почнат да зборуваат за откупна клаузула. Јас не би работел така, би им кажал јавно на сите но и на моите соработници: Ова е наш играч и ако се покаже останува макар и да нудите 100 милиони евра.

Токму тоа е разликата помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Според Хенес, во Минхен приоритетот не се парите туку доминацијата.
– Ние немаме такви случаи како Белингем. Носиме фудбалери да играат за Баерн, а не да правиме бизнис од нив и токму тоа ја оддалечува Борусија од жестока борба за титулата . Играчот мора да почувствува дека е дел од тимот, дека тимот се грижи и го штити него, и затоа нашите играчите велат „До крајот на животот сум со Баерн“. Се додека не ја смени стратегијата Борусиа нема да биде ниту 10 проценти подобра отколку што е сега во најважните натпревари – зборува Хенес.

Почесниот претседател на баварците даде еден пример и тоа преку Роберт Левандовски, како работел тој.
– Пред две години Роберт Левандовски ми дојде во канцеларија и ми рече дека мора да преговарам со неговиот нов менаџер, Пини Захави. Му реков: Нема проблем, првиот слободен термин е 3. септември“. Значи по завршување на преодниот рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот