Хантер Бајден: Нема да ѝ се извинам на Меланија Трамп

Синот на поранешниот американски претседател Џо Бајден, Хантер изјави дека нема да ѝ се извини на првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, за недокажаното тврдење дека Џефри Епштајн ја запознал со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп. „

Тоа нема да се случи“, рече Хантер Бајден.

Конфликтот меѓу Меланија Трамп и синот на поранешниот претседател започна на почетокот на август, кога тој, како гостин наедена американса телевизија, рече дека Епштајн, богат финансиер и осуден сексуален престапник кој изврши самоубиство во затвор во 2019 година, првпат ја запознал Меланија Трамп со нејзиниот иден сопруг, што адвокатот на Меланија Трамп го нарече невистинито и „екстремно провокативно“

Меланија Трамп / Фото: Profimedia

Во писмото што  адвокатот му го испрати на Бајден минатата недела, се  најавува дека   Хантер Бајден  ќе  добие тужба  доколку  не се извини.

„Епштајн и Трамп се познаваа добро, поминаа долго  време заедно“, рече Хантер Бајден, цитирајќи извадок од книга напишана од Мајкл Волф, биографот на Трамп.

Трамп го критикуваше Волф како „новинар од трет ред“ и доведе во прашање многу од анегдотите што Волф ги напишал за него и неговото семејство.

„Доколку сакаат сослушување за да се разјасни природата на врската со Џефри Епштајн, ако претседателот и првата дама сакаат да го сторат тоа, повеќе од среќен сум да им дадам повод да го сторат тоа“, рече Хантер Бајден.

Џефри Епштајн – Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Портпаролот на Меланија Трамп, Ник Клеменс, рече дека адвокатите на првата дама активно работат на повлекување на изјавите и добивање извинување од оние што шират злонамерни, клеветнички лаги.

„Вистинскиот извештај за тоа како првата дама го запознала претседателот Трамп е во нејзината бестселер книга „Меланија““, рече тој. Во своите мемоари, Меланија вели дека таа и Трамп се запознале на забава на Неделата на модата во Њујорк во 1998 година и биле претставени од агент за модели. Меланија Трамп му испратила писмо на Хантер Бајден во кое го замолува веднаш да ги отстрани и повлече „лажните, клеветничките, омаловажувачките и провокативните изјави“ што ги дал во видео интервју дека осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн се сретнал со неа и нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, или ќе се соочи со тужба од 1 милијарда долари, дознава Фокс њуз.

Писмото е испратено на 6 август од адвокатот Алехандро Брито, кој ја застапува Меланија Трамп, до Хантер Бајден и неговата адвокатка, Аби Лоуел, и во него јасно се наведува дека доколку Бајден не ги исполни барањата, Меланија Трамп ќе преземе сите законски чекори, вклучително и тужба за отштета од милијарда долари.

Меланија Трамп му се закани на синот на Џо Бајден со тужба од милијарда долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот