Хали Бери: Првиот оргазам го доживеав на 11 години

Фото: Профимедиа

Популарната актерка Хали Бери на својот Инстаграм профил откри дека својот прв огразам го доживеала кога имала само единаесет години.

Одговарајки на прашањата на фановите на Инстаграм лајв во кое учествуваше и нејзината пријателка Линдзи Флорес, актерката призна дека првиот оргазам го доживеала додека сама ја истражувала својата сексуалност.

Линдзи ја запрашала колку години имала таа тогаш, а Хали одговорила дека имала 11 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Меѓутоа, кога фановите побарале повеќе детали за нејзиното прво сексуално искуство, Хали сепак одлучила да задржи некои детали за себе.

Фото: Инстаграм

Да се потсетиме, оваа актерка неодамна сподели фотографија на Инстаграм на која позира во маичка со името на пејачот Ван Хант.

„Сега знаете“, напиша таа покрај фотографијата и со тоа потврди дека е во врска со славниот пејач.

Фото: Инстаграм

Нејзиниот нов партнер Ван Хант е музичар и текстописец. Издаде пет студиски албуми во кариерата, а музичките жанрови во кои се пронаоѓа се ар-ен-би и соул. Иако е добитник на Греми наградата, нема сомнеж дека Бери е неспоредливо попопуларна од него, а и голем број од нејзините фанови не биле запознаени со неговите дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот