Халеп: За мене направија сè да ме уништат
Поранешната светска тенисерка број еден Симона Халеп испрати емотивна порака по суспензијата на Ига Швјонтек поради позитивен допинг тест. Романката беше во слична ситуација во 2023 година, кога беше позитивна на забранетата супстанца триметазидин, која ја има во лек против анемија.
Халеп беше суспендирана од 12 септември до четврти октомври, а потоа ѝ беше прифатена жалбата па се врати на тенисот. Сега реши да испрати порака поттикната од новонастанатата ситуација.
„Седам тука и се обидувам да разберам, иако тоа е невозможно. Се прашувам зошто е толку голема разликата во пресудувањето и третманот? Не можам да најдам и мислам дека нема логичен одговор. Може да биде само лоша волја на ИТИА (Меѓународната агенција за интегритет на тенисот), организација која направи се да ме уништи и покрај до казите.
Сакав да ги уништам последните години од кариерата, нешто што не сонував дека ќе го посакам некогаш. Отсекогаш сум верувала во добро, правда и добрина. Беше болно, уште е и неправдата која ми е нанесена секогаш ќе боли. Како е можно истиот случај да се случи и ИТИА да има целосно поинаков пристап отколку со мене? Како да прифатам дека ВТА и поголемите играчи не сакаа да се вратам и да го добијам назад ранкингот кој го заслужив?
Изгубив две години од кариерата, имав непроспиени ноќи, анксиозност, прашања без одговор… Ја загубив правдата. Добив нешто друго, мојата душа е чиста. Разочарана сум, бесна, фрустрирана, ама нема зло во мене. Благодарна сум на поддршката и безусловната љубов“, напиша Халеп.
Според романската тенисерка, кон неа односот бил целосно поинаков и полош од страна на водечките организации во тенисот.