Хакерски напади врз сајтот на новинската агенција Бета

Хакерски напади врз сајтот на агенцијата Бета/Скриншот

Српската новинска агенција Бета објави дека од утрово е мета на хакерски напади.

– Станува збор за таканаречени ДДоС напади, кои ја блокираат пристапната врска на нападнатиот сервер до таа мера што станува недостапна за корисниците. Хакерските напади се извршени од така наречениот „облак” (cloud), поради што не може да се утврди дали доаѓаат од Србија или од странство, објави Бета.

Агенцијата наведува дека тимот за техничка поддршка интензивно работи на отстранување на последиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот