Хајредини го прашува Ковачевски дали и кога Владата мисли да го избрка „Телеком“ поради поткупување функционери

Џевдет Хајредини/Фото: Скриншот

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, кој последниве години во јавноста настапува како политички аналитичар, јавно го прашува премиерот Димитар Ковачевски – кога Владата ќе го избрка „Телеком“ од земјава, по скандалот со поткупувањето политичари во земјава и во други држави од регионот, за кој компанијата-мајка, „Дојче Телеком“ беше тужена и спогодбено плати казна во САД.

Објавата на Хајредини ја пренесуваме во целост:

„По десетти пат, истото прашање до Ковачевски: Дали и кога Владата мисли од Македонија да го избрка ТЕЛЕКОМ, затоа што е познато дека нивни менаџери подмитувале некогашни и сегашни високи политичари и државни функционери на нашата земја?

Ковачевски не одговара на ова прашање, иако прво за заменик министер, а потоа и премиер на Владата (дали случајно?), дојде токму од оваа коруптивна компанија, во која бил на раководни функции.

П.с.

Сигурно и самиот не мисли дека на прашањето одговорил кога вели: “Благодариме што нè контактиравте. Ја примивме вашата порака и го цениме што се јавивте”.

Не случајно, и Зоран Заев, при една средба во својот кабинет, на актуелните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ им вети “искрена соработка” на Владата и во иднина, исто како во минатото.

Заев пред да замине изјави дека во Македонија нема корупција во првиот и вториот ешалон, туку само во пониските ешалони.

Уште нешто: Компанија која ги корумпира државните функционери, како што е случајот со ТЕЛЕКОМ, од каде Вие сте дојдени, не може да биде “препознатлив бренд”, како, од само на Вас познати причини, така ја нарекувате“, вели Хајредини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот