Хајдук исфрлен од „аматери“, навивачите тргнаа да ги тепаат играчите! (ВИДЕО)

Фото: sportsport.ba

Дефинитивно најголемото изненадување го приреди Гзира, клубот од Малта кој иако загуби на првиот меч со 2:0 пред своите гледачи, на реваншот против Хајдук Сплит направи сензационален пресврт.

Гостите триумфираа со 1:3 и поради поголемиот број на постигнати голови изненадувачки го продолжуваат европското лето, Хрватите во шок…

После првото полувреме кога водеше Хајдук (1:0) никој не очекуваше елиминација, но во вториот дел се случи неверојатното, Гзира решавачкиот трет гол го постигна во 96 минута.

Свирежи од сите страни, навивачите на хајдук едноставно не можеа да поверуваат, лавина критики, тргнаа дел од нив и физички да се пресметаат со играчите на теренот, и со првите луѓе на клубот.

Полицијата експресно реагираше, спречувајќи поголеми инциденти, но дефинитивно фудбалерите кои тргнаа кон соблекувалните се свесни дека ги разочараа нивните фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот