Гвардиола им ветил „ролекс“ часовници на фудбалерите на Барнли?
До крајот на сезоната во Премиер лигата има уште две кола, а во овој момент најблиску до титулата е екипата на Арсенал. Сепак и Манчестер сити не се откажува, иако шансите за „граѓаните“ се минимални.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според информациите на дел од медиумите, Пеп Гвардиола наводно им ветил луксузни часовници „ролекс“ на фудбалерите на Барнли доколку успеат да го запрат Арсенал во претстојното коло.
🚨 Guardiola promises Rolex watches to all Burnley players. 😍 pic.twitter.com/oIcZHvP1ON
— Football Factly (@FootballFactly) May 14, 2026
Арсенал е на чекор до освојување на првата титула во Англија по 2004 година. Избраниците на Микел Артета имаат предност од два бода пред актуелниот шампион Манчестер сити.
Лондонскиот клуб најпрво ќе го пречека Барнли на 18 мај, а потоа ќе гостува кај Кристал палас на 24 мај. Барнли веќе испадна од лигата, додека Кристал палас нема резултатски императив, поради што не се очекува Арсенал да ја испушти ваквата можност.
Сепак, во Манчестер не се помируваат со можноста за губење на титулата. Гвардиола се надева дека растоварениот Барнли може да приреди изненадување и да ја искомплицира ситуацијата на врвот на табелата.
Овој тим неодамна пружи силен отпор токму против Манчестер сити, а успеа да освои и бод против Астон вила играјќи нерешено 2:2.
Поради тоа се појавија информации дека Гвардиола подготвил дополнителна мотивација за играчите на Барнли. Наводно, им ветил луксузни часовници од марката „ролекс“ доколку успеат да му одземат бодови на Арсенал и со тоа да му помогнат на Сити во битката за титулата.
Веста предизвика бројни реакции во англиската јавност. Додека едни сметаат дека станува збор за медиумско преувеличување, други тврдат дека Гвардиола често користи психолошки трикови за дополнителен притисок врз конкурентите.


