Гвардиола како да гледал друг натпревар: Бевме фантастични, имаа само една шанса
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изрази задоволство од изданието на својата екипа во ремито 3-3 против Евертон, иако призна дека борбата за титулата веќе не е целосно во рацете на „граѓаните“.
Препорачано
Шпанскиот стратег истакна дека неговиот тим одиграл одлично во првото полувреме, но во вториот дел не успеале да го задржат интензитетот на домаќините.
„Подобро е да освоиш бод отколку да загубиш, но секако подобро ќе беше да победевме. Противникот беше неверојатно агресивен, што добро го издржавме во првиот дел, одигравме совршено. Во второто полувреме го немавме истиот ритам и примивме три гола. Вистински англиски натпревар, генерално одигравме многу добро. Секогаш е тешко да се гостува кај Евертон, им честитам“, изјави Гвардиола.
На прашањето дали било тешко да се скрши отпорот на „карамелите“, 55-годишниот стратег оцени дека тимот предводен од Дејвид Мојс бил во подредена позиција, иако впечатокот од теренот, особено во второто полувреме, беше поинаков.
„Ним им беше потешко да не пробијат нас, имаа само една шанса. Бевме фантастични, често доаѓавме во завршницата, шутиравме и создававме прилики. Тие се бранат многу длабоко и се опасни во транзиција. Не е готово, но трката за титулата повеќе не е во наши раце. Имаме уште четири натпревари, ќе видиме што ќе се случи“, додаде Гвардиола.
Во моментов, Сити има пет бода помалку и натпревар помалку од лидерот Арсенал. До крајот на сезоната „небесно-сините“ ќе играат против Брентфорд, Кристал Палас, Борнмут и Астон Вила, додека „топчиите“ ќе се соочат со Вест Хем, Барнли и повторно Кристал Палас.
ВИДЕО | Манчестер сити во финишот до бод против Евертон, сега Арсенал е на „плус пет“


