Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Манчестер сити во финишот до бод против Евертон, сега Арсенал е на „плус пет“

Фудбалерите на Евертон и Манчестер сити одиграа нерешено 3:3 на стадионот „Хил Дикинсон“ денеска во 35 коло од Премиер лигата. Клубот од Манчестер испушти два важни бода во борбата за титулата со Арсенал.

Жереми Доку му донесе водство на Сити во 43 минута, но во второто полувреме се случи пресврт. Тјерно Бери израмни во 68 минута по големата грешка на Марко Гуехи, а пет минути подоцна Џејк О’Брајан постигна гол за 2:1.

Во 82 минута Бери го постигна својот втор гол, а само една минута подоцна Ерлинг Халанд намали на 3:2. Во самиот финиш од натпреварот во 97 минута Доку постигна уште еден гол за конечни 3:3 и спаси бод за „Граѓаните“.

Ова е голем кикс за Сити, кој е сега пет бода зад Арсенал со натпревар помалку.

Преостанати натпревари на Манчестер сити до крајот на сезоната во Премиер лигата:

36. коло: Манчестер сити – Брентфорд (9 мај)
31. коло (заостанат меч): Манчестер сити – Кристал палас (13 мај)
37. коло: Борнмут – Манчестер сити (19 мај)
38. коло: Манчестер сити – Астон Вила (24 мај)

Преостанати натпревари на Арсенал до крајот на сезоната во Премиер лигата:

36. коло: Вест хем – Арсенал (10 мај)
37. коло: Арсенал – Барнли (18 мај)
38. коло: Кристал палас – Арсенал (24 мај)

Табела: Арсенал 76 бодови, Манчестер сити 71, Манчестер Јунајтед 64, Ливерпул 58, Астон Вила 58…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот