Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека пандемијата на коронавирус довела до најголемо нарушување на образованието во историјата со затворените училишта во повеќе од 160 земји во средината на јули, со што се погодени повеќе од милијарда ученици.

Покрај тоа, Гутереш рече дека најмалку 40 милиони деца во светот ја пропуштиле „својата критична предучилишна година”.

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости”.

– Се наоѓаме во одлучувачки момент за децата и младите од овој свет, рече Гутереш во видео пораката по повод почнувањето на кампањата на ОН наречена  „Да ја спасиме нашата иднина”.

Тој рече дека одлуките што владите и партнерите сега ќе ги донесат ќе имаат трајно влијание врз стотици милиони млади и врз изгледите за развој на земјите во наредните децении.

Гутереш истакна дека враќањето на учениците во училниците треба да биде „главен приоритет”.

– Кога локалниот пренос на Ковид-19 ќе се стави под контрола, враќањето на учениците во училиштата и образовните институции што е можно посигурно мора да биде главен приоритет, рече шефот на ООН, додавајќи дека консултациите со родителите, старателите, наставниците и младите се од основно значење. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот