Ѓуроски и Аликанте со победнички старт во Шпанија

Фото: Sergi Geronès/Bàsquet Girona

Во првото коло од групата „Б“, на гостински терен совладана е екипата на Баскет Џирона (83:77).

Овој викенд во Шпанија беше означен и почетокот на натпреварите во ЛЕБ Оро, односно втората шпанска лига. Во групата „Б“ од ова натпреварување е и екипата на ХЛА Аликанте, каде во оваа сезона настапува македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски.

А екипата од Аликанте имаше успешен почеток. На гостувањето во Џирона стигнаа и до првиот триумф во сезоната, Ѓуроски и соиграчите славеа со резултат (83:77).

Предност која ја реализираа уште во првата четвртина (23:17), која ја сочуваа до самиот крај на овој премиерен меч во кој нашиот интернационалец одигра 30 минути на паркетот.

Воедно 203. сантиметри високото крило постигна осум поени (0/4 за три, 3/4 за два, и 2/2 за еден поен). Освен тоа стартерот во тимот од Аликанте имаше и по два скока, две асистенции и две загубени топки.

Во наредното коло ХЛА Аликанте е домаќин на Леида, во меч кој е предвиден да се одигра на 23. октомври 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот